Mehmet Alaca
02 Јуни 2022•Ажурирај: 04 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Во една студија спроведена во САД откриено е дека лицата со алергии на храна имаат помал ризик да се заразат со вирусот Ковид-19, познат како САРС-КоВ-2, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во „Сајенс алерт“ (Science Alert), истражувањето на Националниот институт за здравство (NIH) покажа дека оние со алергии на храна имаат помал ризик да се заразат со коронавирусот.
Половина од над 4.000 анкетирани луѓе тврделе дека кај нив се дијагностицирани алергии на храна, астма, егзема или алергиски ринитис.
Во студијата регистрирано е дека лицата со алергии на храна имаат 50 отсто помали шанси да се заразат.
Од друга страна, некои студии покажале дека алергиската астма штити од тешки случаи на Ковид-19.
Се наведува дека се потребни повеќе истражувања за откривање на причините на новите наоди и дека истражувањето ќе понуди нови начини за спречување на Ковид-19.
Истражувањето е објавено во „Џурнал оф алерџи енд клиникал имунолоџи“ (The Journal of Allergy and Clinical Immunology).