Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
04 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
АНКАРА
Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 834 лица, а во Мексико 513, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Бразил, втората најтешко погодена земја во светот од вирусот по САД, бројот на починати од последиците на вирусот се искачи на 124.614, додека бројот на случаи на заразување надмина 4,40 милиони со 43.773 нови потврдени случаи.
Според Министерството за здравство на Бразил, над 3.24 милиони луѓе досега оздравеле во таа латиноамериканска земја.
Со популација од над 211 милиони, Бразил се смета за епицентар на епидемијата на Ковид-19 во регионот.
Додека Владата е обвинувана дека не презела доволно мерки за да го спречи ширењето на вирусот, потпретседателот Хамилтон Мурао, бранејќи ја Владата, вината ја стави на недостигот на дисциплина кај Бразилците за непочитување на мерките за физичко дистанцирање.
Сао Паоло, каде што живеат 46 милиони луѓе, е најпогодениот регион во земјата.
- Мексико
Од Министерството за здравство на Мексико се вели дека во текот на изминатиот ден од последиците на вирусот починале 513 лица, со што бројот на починати се искачи на 66.329 лица.
Бројот на заразени во земјата се искачи на 616.894, при што во последните 24 часа се регистрирани 5.937 позитивни тестови.
Досега 430.287 лица се оздравени.
Првиот случај на коронавирусот во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај на 19 март.
Вирусот одзеде речиси 869.000 животи во 188 земји и региони од неговото појавување во Кина во декември.
САД, Бразил и Индија во моментот се најтешко погодени земји.
„Во светот се пријавени 26,3 милиони случаи на заразување на Ковид-19, а бројот на оздравени надмина 17,5 милиони“, покажуваат податоците што ги објави американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.