Ömer Erdem
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
КАРТУМ (АА) – Во Африка бројот на евидентирани случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, надмина 300.000, а досега од вирусот починаа 7.949 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldometer“, бројот на случаи низ целиот континент се зголемил за 10.550 во последните 24 часа и се искачи на 300.005.
Билансот на починати изнесува 7.949, вклучително и 218 смртни случаи регистрирани во последните 24 часа.
Бројот на оздравени лица од вирусот надмина 145.000.
Најмногу смртни случаи има Египет (2.106), потоа следуваат Јужноафриканската Република (1.877), Алжир (837), Судан (521), Нигерија (506) и Камерун (301).
Најмногу дијагностицирани со коронавирусот има во Јужноафриканската Република (92.681). Потоа следуваат Египет со 53.758 случаи, Нигерија со 19.808, Гана со 13.717, Алжир 11.631 и Камерун со 11.610 дијагностицирани случаи.
Активни случаи на Ковид-19 на Сејшелите нема. Смртни случаи исто така досега не се регистрирани во Еритреја, Уганда, Намибија и Лесото.