Zehra Nur Düz
13 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА
Најмалку еден пациент заразен со новата варијанта на коронавирусот, Омикрон, починал во Велика Британија, потврди британскиот премиер Борис Џонсон денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За жал, да, Омикрон доведува и до хоспитализација, а за жал потврдено е и дека најмалку еден пациент починал од Омикрон“, рече Борис Џонсон, зборувајќи во центарот за вакцинација во Падигтон кај Лондон.
Повикувајќи ги луѓето да ја занемарат „идејата дека ова на некој начин е поблага варијанта на вирусот“, Џонсон нагласи дека се забрзува пренесувањето на вирусот кај населението и дека најдобро што можат да направат е да примат бустер дози на вакцини.
„Тука во главниот град Омикрон сочинува околу 40 проценти од случаите. До утре тоа ќе биде најголемиот број случаи“, додаде тој.
Минатата недела министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека Омикрон се шири побрзо од другите варијанти на коронавирусот, додавајќи дека бројот на случаи со Омикрон во земјата би можел да биде поголем од милион до крајот на декември.
До денес Велика Британија пријавила 3.137 случаи на новата варијанта на коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата во оваа земја забележани се повеќе од 10,8 милиони случаи, како и повеќе од 146.400 смртни случаи.