Faruk Zorlu
10 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
КАРТУМ
Бројот на починати од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) во Африка надмина 5.500, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет-страницата „Worldometer“, на која се достапни податоците за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека досега на тој континент од коронавирусот починале 5.568 лица, а оздравеле 92.914.
Во последните 24 часа се регистрирани 6.530 нови случаи на заразување, со што вкупната бројка на заразени достигна 205.520.
Најтешко погодени земји во Африка се Египет, Јужноафриканската Република, Алжир, Нигерија, Судан, Мароко и Камерун.
Во Египет досега се забележани 1.306 смртни случаи поврзани со коронавирусот, во Јужноафриканската Република 1.162, Алжир 724, Нигерија 365, Судан 389, Мароко 210 и vo Камерун 212.
Најмногу случаи на заразување се регистрирани во Јужноафриканската Република, вкупно 52.991, Египет 36.829 и во Нигерија 13.464.
Во изминатите 24 часа во Јужноафриканската Република се забележани 82 смртни случаи, во Египет 35, Судан 17 и во Алжир 9.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопинс“, во светот со коронавирусот се заразени блиску 7,24 милиони луѓе. Од последиците на заразувањето починаа повеќе од 411.200 заболени, а оздравеа околу 3,37 милиони заболени.