свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 946 илјади

- Во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 269 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 46.626.

Adam Abu-bashal  | 13.11.2020 - Обновена : 13.11.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 946 илјади

АБУЏА

Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1.946.360, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 15.617 нови случаи на Ковид-19.

Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 1.946.369.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 269 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 46.626.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (20.076), по која следуваат Египет (6.417) и Мароко (4.570).

Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (744.732), по која следуваат Мароко (276.821) и Египет (110.095).

Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.641.278 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın