Adam Abu-bashal
09 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 556 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 10.770 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.556.017.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 303 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 37.452.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (17.408), по која следуваат Египет (6.017) и Мароко (2.468).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (686.891), по која следуваат Мароко (142.953) и Египет (104.156).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.292.200 лица.