Техеран: Автомобил претворен во кафуле нуди бесплатна храна за социјално загрозени лица
- Четириесет и осумгодишниот Авганистанец, Ѓул Мухамед Султани, го претворил својот автомобил во мобилно кафуле со топол домашен амбиент, при што на покривот на возилото поставил конструкција со изглед на ќерамиди
Tolga Akbaba
28 Мај 2026•Ажурирано: 28 Мај 2026
photo: Fatemeh Bahrami / AA
ТЕХЕРАН
Во главниот град на Иран, Техеран, мобилното кафуле „Мурад кафе“, кое од автомобил е претворено во кафуле со домашен амбиент и украсено со традиционални украси, нуди бесплатни оброци за социјално загрозените граѓани, пишува Анадолу.
Четириесет и осумгодишниот Авганистанец, Ѓул Мухамед Султани, го претворил својот автомобил во мобилно кафуле со топол домашен амбиент, при што на покривот на возилото поставил конструкција со изглед на ќерамиди.
Тој ги привлекува клиентите со вкусните традиционални ирански јадења што ги подготвува, но срцата на луѓето ги освојува и со тоа што им нуди бесплатни оброци на социјално загрозените лица.
Фотографија : Fatemeh Bahrami/AA
Султани за АА раскажа дека со оваа работа се занимава околу десет години и дека вработените во кафулето се Авганистанци како него, нагласувајќи дека луѓето што не се во добра финансиска состојба може да дојдат во мобилното кафуле и да јадат бесплатно.
Султани вели дека локалното население покажува огромен интерес за неговиот бизнис и дека кафулето работи седум дена во неделата, од 16:00 часот попладне до 01:00 часот по полноќ.
Фотографија : Fatemeh Bahrami/AA
Тој додава дека традиционалните украси во возилото дополнително го привлекуваат вниманието на Иранците.
Султани рече дека и комуналните инспектори не му прават никаков проблем и дека својата работа ја извршува со голема љубов, додавајќи дека е среќен што наедно им обезбедува можност за вработување на некои Авганистанци што се наоѓаат во Иран, исто како него.
Техеран: Автомобил претворен во кафуле нуди бесплатна храна за социјално загрозени лица