Sümeyye Dilara Dinçer
24 Ноември 2021•Ажурирано: 26 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Франциска Сусано, која се сметаше дека е најстарата личност на планетата и последен сведок од 19 век, почина на Филипините на 124-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Дејли мејл“ (Daily Mail), Сусано, позната како Лола меѓу нејзините роднини, починала во својот дом во Кабанкалан, на Филипини.
Се дознава дека Сусано, за која се верува дека е последниот сведок на 19 век, била во процес на испитување на возраста од страна на Гинисовата книга на рекорди.
Нема информации за причината за смртта на Сусано.