Husameddin Gina
14 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) – Црниот „мерцедес бенз 230/6 серија W 114“, или во јавноста познат како „мерцедесот на Тито“, околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери, како и десетици мотоцикли, денес беа дел од „Skopje Classic Day - 2018“, што се одржа во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу поинтересните олдтајмери беа 10-ина автомобили донесени од Србија, Бугарија, Косово и Германија. Тие за првпат беа видени во Македонија. Возилата беа постари од 35 години што претставува услов за да се класифицираат како олдтајмери.

Идејата на „Skopje Classic Day - 2018“ е да се претстават олдтајмерите што ги има во Македонија, заедно со возилата од соседните држави и од Германија.
Исклучително интересен примерок за посетителите претставуваше историскиот автомобил, сочуван во фабричка состојба „мерцедес бенз 230/6 серија W 114“, или во јавноста познат како „мерцедесот на Тито“, кој за првпат официјално беше прикажан денес на „Skopje Classic Day - 2018“.

Покрај мерцедесот на Тито, кај љубителите на олдтајмерите особено внимание привлече црвено-белиот форд од 1959 година.
Организаторите планираат настанот да премине во традиција.