Aida Cako
10 Април 2026•Ажурирај: 10 Април 2026
Италијанскиот град Венеција и понатаму се издвојува како еден од најзначајните културни и туристички центри во Европа, привлекувајќи милиони посетители годишно, пишува Анадолу.
Градот на вода, познат по својата уникатна архитектура и мрежа од канали, се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Сцените со гондолите кои пловат низ тесните канали и историските градби поврзани со камени мостови, остануваат заштитен знак на овој медитерански центар.
Туристите и оваа пролет ги полнат плоштадите и мостовите, уживајќи во прошетките со гондоли и разгледувањето на вековните палати кои сведочат за богатата историја на Венецијанската Република.
Центарот на градот го краси плоштадот Св. Марко, каде што се наоѓаат и истоимената базилика и Дуждовата палата.
Секој агол на Венеција говори за историјата, особено за време на карневалите и маскенбалите, кои магично го оживуваат времето на принцезите, витезите и љубовните заплети.
Некои од најатрактивните венецијански туристички места се и каналот Гранде, мостот Понте Риалто и базиликата Св. Марија, а еден од условите за целосно доживување на убавината на градот е возење со гондола по каналите.