Mücahithan Avcıoğlu
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Цената на суровата нафта „Брент“ денес повторно ја надмина границата од 80 долари по барел. До ова дојде откако трговците со нафта почнаа да ги анализираат обновените геополитички ризици по откажувањето на американско-иранските преговори и новите израелски напади врз Либан, кои доаѓаат во време на постепено нормализирање на пловидбата низ Ормускиот Теснец, јавува Анадолу.
Со фјучерсите на нафтата „Брент“ се тргуваше по цена од околу 80,11 долари за барел во 7:00 часот по Гринич.
Цените на нафтата пораснаа откако Швајцарија соопшти дека планираните преговори меѓу САД и Иран нема да се одржат според предвидениот распоред.
Швајцарското Министерство за надворешни работи информираше дека разговорите планирана во Биргеншток е откажана откако Белата куќа објави дека потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, нема да отпатува за Швајцарија, бидејќи логистичките детали за очекуваните технички разговори со Иран останале нерешени.
Откажувањето предизвика загриженост за следната фаза од дипломатијата по привремениот мировен договор меѓу САД и Иран, со кој заврши долготрајниот конфликт што го предизвика најголемото нарушување во снабдувањето во историјата.
Одделно, либанската Национална новинска агенција објави дека во израелските бомбардирања и артилериски напади утринава врз градот Набатије и околните градови загинале најмалку 24 лица, а неколку други биле ранети.
И покрај обновените ризици, пазарот остана фокусиран на првите знаци за стабилизација и нормализирање на транспортот на енергенси низ стратегискиот Ормуски Теснец.
Централната команда на САД соопшти дека ги укинала ограничувањата за сообраќај кон и од иранските пристаништа и крајбрежни води, додека Заедничкиот поморски информативен центар советуваше бродовите што транзитираат низ Теснецот да следат рута поблиску до оманскиот брег за да ги намалат ризиците од мини.
Танкерите кои со денови беа блокирани со сурова нафта, вчера почнаа да испловуваат од овој воден пат, додека Кувајт истовремено најави дека ќе започне со зголемување на сопственото производство.
Позитивните прогнози за нормализирање на поморскиот сообраќај го ублажија растот на цената на нафтата. Со ова, цените ги анулираа добивките забележани од почетокот на блискоисточниот конфликт кон крајот на февруари, а пазарот останува во тек да регистрира остар неделен пад.