Gökhan Ergöçün
22 Јули 2026•Ажурирано: 22 Јули 2026
Цените на горивата и мазивата за личен транспорт во Европската Унија (ЕУ) во јуни се зголемени за 13,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат, објавени денес, јавува Анадолу.
Годишната стапка на раст забавила во јуни, откако во април беше 20,8 отсто, а во мај 20,7 отсто.
Меѓу земјите членки на ЕУ, Бугарија бележи најголем годишен раст на цените од 26 отсто, по што следуваат Литванија со 23,5 отсто, Романија со 23,1 отсто, Финска со 22 отсто и Луксембург со 20,7 отсто.
Најмал годишен пораст на цените е регистриран во Унгарија, со 2,3 отсто, а по неа следува Полска со 5,8 отсто.
На месечно ниво, цените на дизелот во ЕУ во јуни се намалиле за 6,4 отсто во споредба со мај, додека цените на бензинот се намалиле за 4,2 отсто.
Чешка бележи најголем месечен пад на цените на дизелот од 11,3 отсто, по што следуваат Полска со 9,7 отсто и Бугарија со 9,4 отсто.