Dzihat Aliju
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
КOЧАНИ (АА) – Денеска во Кочани се отвори новата фабриката „Левидиагро“, што претставува турска браунфилд инвестиција вредна 4 милиони евра, јавува Anadolu Agency (АА).
На отворањето на фабриката присуствуваше македонскиот премиер Никола Груевски, министерот за странски инвестиции Фуркан Чако, амбасадорот на Република Турција во Македонија Омур Шолендил, Координаторот на Интернационалната турска организација за соработка и координација- ТИКА, Теоман Тиријаки, како и бројни претставници на невладини организации.
Генералниот директор и еден од сооснивачите на фабриката на оризот “Левидиагро”, Али Мушфик Созер во неговата изјава за АА, рече дека фабриката која е отворена во РМ е од типот “броунфилд” инвестиции со капацитет од 120 тона на тен.
Тој истакна дека како резултат на проектот на ТИКА во Република Македонија од 2013, семката на оризот почнува да дава свои плодови.
“Левидиагро” е фабрика за изработка на ориз која е отворена на местото на старата фабрика како “бронфилд компанија” и се очекува дека со технолошка машинерија да даде голем придонес во производството на оризот во државата.