свет, економија

Сијарто: Унгарија ќе гласа против предложените царини на феролегури

- Брисел едноставно не може да се смири. ЕК сега сака повторно да воведе нови царини, овој пат на увозот на феролегури. Тоа ќе предизвика нов бран поскапувања затоа што овие суровини се користат во многу индустриски сектори, објави Сијарто

Melike Pala  | 14.11.2025 - Обновена : 15.11.2025
Сијарто: Унгарија ќе гласа против предложените царини на феролегури

БРИСЕЛ (АА) – Унгарија ќе гласа против предлогот на Европската комисија за воведување нови царини на увозот на феролегури, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Брисел едноставно не може да се смири. Европската комисија сега сака повторно да воведе нови царини, овој пат на увозот на феролегури. Тоа ќе предизвика нов бран поскапувања затоа што овие суровини се користат во многу индустриски сектори“, напиша Сијарто на американската платформа за социјални медиуми Х.

Феролегурите се клучни материјали во производството на челик и во други стратегиски индустриски процеси.

Министерот рече дека претходно во текот на денот имал телефонски разговор со норвешката министерка за трговија Сесили Мурсет, при што уште еднаш го повторил унгарското противење на мерката пред гласањето.

„Царините и санкциите веќе му нанеле огромна штета на европскиот економски систем и дефинитивно не ни требаат нови“, додаде тој.

Сијарто упати и критики кон Европската комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, велејќи дека се „несоодветни за својата функција“ и дека „е време за промени во Брисел.“

Предлогот на Европската комисија за царините на феролегури се очекува да биде разгледан од земјите членки подоцна во текот на денот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.