Riyaz Khaliq Khaliq
16 Јули 2026•Ажурирано: 16 Јули 2026
Прекин на системот за кредитни картички на национално ниво денес ги прекина плаќањата низ цела Јапонија, објави „Кјодо њуз“, пренесува Анадолу.
Граѓаните не можеа да плаќаат со кредитни картички во продавниците и кај други трговци, додека патниците на компанијата „Ист Џапан рејлвеј“ не можеа да купат билети.
Причината за прекинот е непозната.
Сепак, „Мицубиши УФЈ НИКОС“, еден од главните даватели на кредитни картички, изјави дека проблемот „започнал околу 8 часот наутро вчера, кога на одредени продажни места не можеле да се обработуваат плаќањата со картички“.
„Сумитомо Мицуи Кард Ко“, друг провајдер, исто така, пријавил слични проблеми.
Патниците во Токио, исто така, не можеа да ја користат апликацијата „Мобил пасмо“ за пристап до јавниот превоз.