Abdulselam Durdak
31 Март 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Во Германија, бројот на невработени во март оваа година се намалил за 30.000, додека десезонираната стапка на невработени падна на 5,8 отсто, што е најнизок процент од обединувањето на Германија во 1990 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Федералната агенција за труд (БА), планираното намалување на десезонираната стапка на невработени од 10.000 постигнато е со бројка од 30.000.
Податоците за март 2017 година покажуваат дека десезонираната стапка на невработеност во Германија изнесува 5,8 отсто, и дека земјата има 2,5 милиони невработени лица.
Стапката од 5,8 проценти е рекордно најниска стапка во Германија од обединувањето во 1990 година.
Директорот на Агенцијата за труд Дитлиф Шеле изјави дека со доаѓањето на пролетта значително се намалил процентот на невработеност.
„Бројот на новите работни места се зголемува и голема е побарувачка за нов персонал“, рече Шеле.