Tuba Şahin
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
АНКАРА
Министерот за трезор и финансии, Лутфи Елван денес изјави дека Турција ќе ги открие деталите од својата нова реформска политика во втората недела од март, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Дојдовме до крајот на нашата работа за економски реформи, која вклучува политики за макроекономска стабилност и структурни политики“, напиша Елван на социјалната мрежа Твитер.
Елван нагласи дека 2021 година ќе биде година на реформи за Турција.
По смената во економскиот тим на земјата во ноември минатата година, претседателот Реџеп Таип Ердоган посочи на новата ера на реформи во економијата и судството, велејќи дека новите чекори ќе ги зголемат стандардите за демократски права и слободи.