Yusuf Şahbaz
26 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
АНКАРА (АА) – Бродот „Ертугрул Гази“, првата турска единица за складирање и регасификација, пренесе приближно 2,1 милијарда кубни метри природен гас во мрежата на Туркије во текот на изминатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Укажувајќи на инвестициите реализирани во последните години за зајакнување на безбедноста на снабдувањето со природен гас на Туркије, Министерството за енергетика и природни ресурси соопшти дека Турската нафтоводна компанија (БОТАШ) ги зголемила капацитетите за внес на гас, додека инвестициите за складирање продолжиле со забрзано темпо.
Истакнувајќи дека бродот „Ертугрул Гази“ ги започна своите активности на 25 јуни минатата година, Министерството истакна дека во текот на годината бродот ја снабдувал Туркије со природен гас, при што се извршени вкупно 24 трансфери на течен природен гас од брод на брод.
„Како резултат на тоа, Ертугрул Гази префрли 2,1 милијарда кубни метри природен гас во националниот систем“, се додава.
Ова соодветствува на шестмесечна потрошувачка на гас на Истанбул, метропола од над 15 милиони жители, или потрошувачката на главниот град Анкара за цела година, се наведува од Министерството.