Mücahithan Avcıoğlu
24 Јули 2026•Ажурирано: 24 Јули 2026
Нови американски царини за увоз од 60 трговски партнери стапија на сила денес поради нивниот наводен неуспех да спречат стоки произведени со принудна работа да влезат во меѓународната трговија, јавува Анадолу.
Царините, кои се движат од 10% до 12,5%, стапија на сила во 00:01 часот по источно време на местото на привремената глобална царина од 10% на претседателот Доналд Трамп, која истече во исто време.
Мерките опфаќаат трговски партнери што учествуваат со 99,4 отсто од трговската размена на САД, според Канцеларијата на американскиот трговски претставник.
Царините се воведени во согласност со член 301 од Законот за трговија од 1974 година, по истрагата за тоа дали целните економии ефикасно го забрануваат увозот реализиран со принудна работа.
Новите царини нема да бидат додадени на постојните американски царини за национална безбедност на челик и алуминиум.
Администрацијата ја започна истрагата во март и ги предложи царините во јуни, тврдејќи дека слабото спроведување во странство ги става американските работници и бизниси во неповолна положба.