Zülfiya Yakup
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, заедно со премиерот Рамуш Харадинај, денеска го именуваа Шпенд Маџуни за нов деректор на Агенцијата за разузнавање на Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).
Маџуни, актуелен директор на полицијата на Косово, доби мандат од пет годоини, со можност за именување на уште еден мандат.
Претходникот на Маџуни, Дритон Гаши поднесе оставка од позицијата на барање на премиерот Рамуш Харадинај, затоа што не го информирал за акцијата на приведување и депортација на шесттемина високи службеници на ФЕТО за Балканот, кои на 29. март со специјален авион на Разузнавачката служба на Турција беа префрлени од Косово во Турција.