Senita Şeherçehayiç
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ПОДГОРИЦА (АА) - Здружението на новинарите на Црна Гора им ја врачи денес годишната награда на лауреатите за 2018 одина, меѓу кои и на дописникот на Anadolu Agency (AA) од Црна Гора, Адел Омерагиќ, кој е добитник на годишната награда за најдобра репортажа во 2018 година.
Жирито на Здружението на новинари на Црна Гора во состав Милица Краљ, Ѓорѓе Брујиќ и Готан Четковиќ одлучи на Адел Омерагиќ да му ја додели Наградата за репортажа „Бошко Пушониќ“ за репортажата за реткиот природен феномен во Црна Гора, стебло од кое извира вода. Репортажата е објавена во февруари 2018 година, ја пренесоа голем број медиуми во регионот и предизвика голем број позитивни реакции на публиката.
- Редок природен феномен во Црна Гора
Во местото Диноша, во близина на Подгорица, изминатата година во овој период посетителите беа во прилика да го видат природниот феномен, редок на овие простори. Од стебло на дрво старо преку 150 години, извира вода. Оваа појава е присутна во период на големи дождови.

Во местото Диноша, во еден дел каде што има голем број дрвја и стебла, расте стебло од кое извира вода. Експерти и жители од ова место се уверени дека станува збор за водоизвориште, кое е точно под коренот на стеблото. Со години, водата го бараше својот пат и го најде низ стеблото на ова дрво.
Појавата беше толку популарна што во деновите кога доаѓа до пробивање на водата низ стеблото, многумина жители на ова место, туристи, медиуми и други, доаѓаа во живо да го проследат овој придоден феномен.
Здружението на новинари на Црна Гора на денешната свеченост по повод 23 јануари, Денот на новинарите на Црна Гора, награди им врачи и на Радиото „Светигора“, кое ја освои првата годишна награда, на уредникот на „Барски портал“, Миленко Јовановиќ, кој ја освои втората годишна награда и на Здраво Шакотиќ, дописник на весникот „ДАН“ од Херцег Нови, на кој му припадна третата награда.
Наградата за животно дело, според одлуката на жирито, им припаѓа на новинарите Милан Шекиќ и Слободан Вучиниќ.