Elena Trenchevska Chekovic
20 Април 2026•Ажурирај: 20 Април 2026
Министерот за европски и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, соопшти дека остварил суштински разговор со еврокомесарката за проширување Марта Кос, нагласувајќи ја важноста од одржување на моментумот во преговарачкиот процес на Албанија и напредување со доследност и фокус, пренесува Анадолу.
Тој, преку објава на социјалните мрежи, истакна дека кредибилен процес на проширување заснован на заслуги зависи од навремени одлуки што ја одржуваат довербата и го прават процесот предвидлив, ориентиран кон иднината и ефикасен, нагласувајќи дека изборот на Албанија е јасен и дека се темели на силни обврски, континуирани реформи и конкретни резултати.
Во објавата се наведува дека било разговарано и за спроведувањето на реформската агенда во рамки на Планот за раст, која го надополнува процесот на пристапување во ЕУ и носи конкретни придобивки за граѓаните.
Министерот истакна дека усогласувањето со стандардите на ЕУ, зајакнувањето на владеењето на правото и независното и професионално судство, како и напредокот во сите преговарачки кластери, остануваат приоритети.