Andelija Stojkovic
30 Јануари 2021•Ажурирај: 31 Јануари 2021
БЕЛГРАД
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека добил потврда дека Србија до март, во неколку, ќе добие околу милион вакцини против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Од утрово имав повеќе важни телефонски разговори со нашите пријатели ширум светот. Пред почетокот на март ќе добиеме уште околу милион вакцини. Добив тврдо ветување", порача Вучиќ во видеопораката на официјалниот Инстаграм профил „Иднината на Србија".
Тој рече дека не се повикува на договори, бидејќи, како што појасни, според договорите Србија договорила 6,5 милиони вакцини, туку дека овој пат говори за реални вакцини.
Вучиќ додаде дека е горд на граѓаните на Србија бидејќи ја разбрале важноста на вакцинацијата.