Admir Fazlagic
22 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Градоначалникот на скопската Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со градоначалникот на Општина Стари Град, Ибрахим Хаџибајриќ, денеска го потпишаа Договорот за збратимување на Општина Чаир и Општина Стари Град, од Сараево, Босна и Херцеговина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Покрај збратимувањето на двете општини, денеска многу повеќе ги приближивме двете најубави чаршии, нашата Стара чаршија сместена во срцето на Чаир и Баш-чаршијата сместена во срцето на Сараево. Се радувам на фактот што местото на потпишување на договорот беше токму нашиот прекрасен Чаир”, изјави Ганиу, соопшти Општина Чаир во објава на социјалните мрежи.
Градоначалникот Ганиу додаде дека создавањето нови партнерства отвора нови врати.
Со делегацијата од Босна и Херцеговина, по потпишувањето на Спогодбата за збратимување, Ганиу положи цвеќе на Споменикот на жртвите од Сребреница, лоциран во Паркот на Чаир.
Потсетуваме, во ноември 2017 година, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со тогашниот градоначалник на Сараево, Абдулах Скака, во Старата скопска чаршија ја потпиша Спогодбата за збратимување меѓу двата града, при што порачаа дека главните градови на двете земји негуваат многу заеднички вредности.