Husamedin Gina
31 Март 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
РАДОВИШ
Турската Црвена полумесечина за потребите на Црвениот крст на Северна Македонија донираше вкупно 100 инвалидски колички, 25 слушни помагала и 500 хигиенски пакети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската хуманитарна организација Црвена полумесечина во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија и Црвениот крст на Северна Македонија, за лицата со посебни потреби во земјата донираше вкупно 100 инвалидски колички, 25 слушни помагала и 500 хигиенски пакети.
На примопредавањето на донацијата, генералниот директор на турската Црвена полумесечина, Ибрахим Алтан, истакна дека денес се наоѓаат во Радовиш со цел да донираат вкупно 100 инвалидски колички, 25 слушни помагала и 500 хигиенски пакети на лицата со посебни потреби, што се претходно идентификувани со помош на Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија.

„Ние, како турска Црвена полумесечина, од 1995 година работиме со нашиот партнер Црвениот крст на Северна Македонија. На таа соработка додадовме уште една. И отсега натаму, ние ќе продолжиме да работиме со нив за да им помагаме на луѓето кои имаат потреба“, нагласи генералниот директор Алтан.
Заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, наведувајќи дека турската Црвена полумесечина и Црвениот крст на Северна Македонија се две сестрински институции кои имаат тесна соработка, рече дека како Министерство за труд и социјална политика даваат поддршка за нивните ангажмани.
„Денеска сме овде поради донацијата што е пристигната од Република Турција. Преку Црвената полумесечина на Република Турција околу 100 колички за лицата со посебни потреби, имаме околу 25 слушни помагала, истовремено имаме и добра количина на хигиенска опрема што ќе им бидат доделени на семејствата“, рече заменик-министерот Енвер Хусејин.
Драги Стојанов, секретар во Општина Радовиш, истакнувајќи дека е многу благодарен за денешната донација, рече дека соработката меѓу турската Црвена полумесечина и Црвениот крст на Северна Македонија е обострана.
„Секогаш кога има потреба имаме значи помош од нивна страна. Исто така сакам да истакнам дека и Советот на Општина Радовиш донесе одлука за доделување на финансиски средства во градот Измир по катастрофалниот земјотрес“, рече Стојанов.

Верица Беќарова, секретарка на Општинската организација на Црвениот крст во Радовиш, нагласувајќи ја големата благодарност до генералниот директор на турската Црвена полумесечина, рече дека 25 инвалидски колички ќе бидат донирани во Општина Радовиш, а останатите колички ќе бидат предадени во другите делови на Северна Македонија.
По изјавите за медиумите и официјалната средба во Општината, генералниот директор на турската Црвена полумесечина, Ибрахим Алтан, и заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, го посетија селото Али Коч, каде што на лицата со посебни потреби во селото им ги предадоа инвалидските колички и слушните помагала.
Исто така, тие одблиску се запознаа со животот на овие лица и со проблемите со кои се соочуваат во селото.