Ekipa
07 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 199 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што е вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата е зголемена на 94.798, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 8 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.924.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 264 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 83.999.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 7.875.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.846 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 470.691 тестирање.