Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Евидентирани 76 нови случаи и 3 починати од Ковид-19

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 542.

Furkan Abdula  | 19.05.2022 - Обновена : 20.05.2022
Северна Македонија: Евидентирани 76 нови случаи и 3 починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 76 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 311.113, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.296.

Институтот за јавно здравје регистрира 73 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 301.275.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 542.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.232 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.