Alma Çekovic
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
БЕЛГРАД (AA) - На претседателските избори во Србија до 19 часот гласале 50 отсто од граѓаните со право на глас, соопшти Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД) , пренесува Anadolu Agency (AA).
Најниската излезност е забележана на територијата на централна Србија, каде до 19 часот гласале 48,2 отсто од гласачите. Најголема излезност е забележана во Белград, каде гласале 51,9 отсо од гласачите. Помал процент забележан е во Војводина, таму на бирачките места излегле 51,05 отсто.
Од ЦЕСИД наведуваат дека е исклучително ниска излезноста на територијата на Санџак, како и Прешево и Бујановац.
Кога овие трендови ќе ги споредиме со проценката на излезноста до 19 часот на општите избори 2012, потоа во 2014, гледаме дека излезноста е на ниво на парламентарните избори од 2014. година, односно дека е три отсто пониска во однос на парламентарните избори од 2016. година, истакнаа од ЦЕСИД.
Набљудувачките на ЦЕСИД известија дека во текот на гласањето не се воочени значителни отстапувања од правилата или позначителни неправилности.
На изборите за претседател на Србија на 8.396 гласачки местаќе гласаат 6.724.949 граѓани. Граѓаните ќе гласаат и во Косово каде на 90 гласачки места својата граѓанска должност ќе ја извршат 105.929 гласачи.
Право на глас ќе има и дијаспората која ќе гласа на 53 бирачки места во 32 земји на светот. Право на глас ќе имаат 11.590 гласачи. Значи, од 7 до 20 часот се гласаше во Австрија, Белгија, БиХ, Грција, Италија, Јужноафриканска република, Катар, Кина, Либан, Македонија, Малта, Унгарија, Германија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Турција, ОАР, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска.
Во трката за претседател на Србија се наоѓаат 11 кандидати.Изборите за претседател на Република Србија се одржуваат на секои пет години, колку што според Уставот на Република Србија трае мандатот на претседателот на Србија. Освен овие редовни, можни се и вонредни претседателски избори, кои се спроведуваат кога претседателот е спречен да ја извршува таа должност или кога мандатот му престанува пред истекнување на времето на кое е избран.
Изборниот процес го следат вкупно 1.955 домашни набљудувачки од четири здруженија и 126 странски набљудувачки од 25 организации, изборни комисии и амбасади.