Lejla Biogradlija
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ПОДГОРИЦА (АА) - Претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, истакна дека Западен Балкан е стратешки приоритет на ЕУ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мишел одржа заедничка прес-конференција со претседателот Мило Ѓукановиќ во Подгорица, главниот град на Црна Гора, каде што се наоѓа во официјална посета.
Заблагодарувајќи ѝ се на Црна Гора што дејствува во хармонија со ЕУ во однос на воведувањето санкции кон Русија, Мишел рече: „Ние продолжуваме да вршиме притисок врз руската економија со договорените 6 пакети санкции. И Црна Гора исто така ги отвори вратите за имигрантите од Украина.“
Наведувајќи дека Црна Гора постигнала голем напредок на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, Мишел рече: „Западен Балкан е стратешки приоритет на ЕУ како никогаш досега.“
Посочувајќи дека стабилноста на Западен Балкан е синоним за членство во ЕУ, Ѓукановиќ додаде дека неговата земја треба да напредува во владеењето на правото и правдата.
Мишел во рамките на неговата посета на Црна Гора ќе се сретне и со премиерот Дритан Абазовиќ.