Dzihat Aliju
30 Јуни 2026•Ажурирано: 30 Јуни 2026
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, го посети Деловниот совет Турција-Северна Македонија при Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК), јавува Анадолу.
Гаши, кој престојуваше во Истанбул во рамки на Парламентарниот самит на НАТО, организиран од Турција, го посети Деловниот совет Турција-Северна Македонија при ДЕИК.
На средбата присуствуваа претседателот на Деловниот совет Турција-Северна Македонија при ДЕИК, Билал Кара, претставници на ДЕИК, како и членови на Управниот одбор на Деловниот совет.
Гаши, во своето обраќање, истакна дека придаваат големо значење на натамошното зајакнување на пријателските односи меѓу Турција и Северна Македонија, додавајќи дека ги поддржуваат напорите за развој на економската соработка и зголемување на меѓусебните инвестиции.
Од своја страна, Кара рече дека политичките односи меѓу Турција и Северна Македонија се на одлично ниво и дека обемот на трговската размена меѓу двете земји надминал 1 милијарда долари.
На состанокот беше оценето и дека постојат значајни можности за инвестиции во повеќе сектори, пред сѐ во здравството, производството, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, логистиката, туризмот, земјоделството и дигиталните технологии, а беа изнесени и очекувањата на турската деловна заедница.