Bedrudin Brljavac
20 Февруари 2021•Ажурирај: 21 Февруари 2021
НОВИ САД
Граѓаните во Нови Сад оддаваат почит на Ѓорѓе Балашевиќ, познатиот кантавтор од тој град кој почина во 67 година во Клиничниот центар Војводина (КЦВ) каде се лекуваше од коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Плоштадот на слободата, место на кое Балашевиќ настапуваше пред своите сограѓани, спонтано се претвори во место на комеморција на кое се слуша неговите песни од мобилните телефони.
Исто така, почитувачите на Балашевиќ пред неговата куќа во Улицата Јован Цвијиќ во Нови Сад запалија свеќи за да се простат од легендарниот музичар.
Балашевиќ во вторникот е примен во Инфективната клиника КЦВ поради воспаление на белите дробови, но неговата состојба ненадејно се влоши денес попладне поради хронични здравствени проблеми кои ги имаше.
Тажната вест брзо се прошири по социјалните мрежи, а потврдена е и од Клиничниот центар Војводина.
Познатиот новосадски кантавтор зад себе ја остави сопругата Оливера, три деца и две внуки, и голем број љубители на неговите песни ширум поранешна Југославија.