Elena Trenchevska Chekovic
22 Јули 2026•Ажурирано: 22 Јули 2026
Штетите предизвикани од силното невреме што вчера го зафати Скопје ќе бидат утврдени и, согласно со законските процедури, надоместени, изјави денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, јавува Анадолу.
Одговарајќи на новинарско прашање за материјалната штета и можноста за помош од Владата, Мицкоски истакна дека институциите веднаш излегле на терен и работеле на санирање на последиците од невремето.
„Никогаш оваа влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш по епското невреме кое вчера го зафати Скопје излегоа на терен и заедно со надлежните служби ги санираа штетите“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека санацијата ќе продолжи и во текот на денот, а штетите ќе бидат официјално констатирани од надлежните институции.
„Согласно закон, искуство и пракса од минатото, сето тоа ќе биде рефундирано од страна на надлежните институции“, посочи премиерот.
На прашањето дали Владата има механизми за помош во вакви ситуации, Мицкоски одговори дека тие постојат и се применуваат при секоја елементарна непогода.
Силно невреме го зафати вчера попладне главниот град Скопје, многу дрвја и семафори беа урнати, додека покривите на неколку згради беа откорнати, предизвикувајќи материјална штета.