Fatjon Cuka
18 Јуни 2026•Ажурирано: 18 Јуни 2026
Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи, изјави дека Албанија е доверлив сојузник во НАТО и фактор на стабилност во регионот, пренесува Анадолу.
Нуфи денес учествуваше на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, одржан во Брисел, каде што, според соопштението на Министерството за одбрана, се разговараше за главните приоритети на Алијансата во насока на зајакнување на безбедноста и колективната одбрана во евроатлантскиот простор.
„На министерскиот состанок беше нагласена важноста од зачувување на единството меѓу сојузниците, зголемување на оперативната подготвеност и зајакнување на одбранбените капацитети во услови на нови предизвици и закани во развој за меѓународната безбедност“, се наведува во соопштението на Министерството.
Во објавата на социјалните мрежи министерот Нуфи нагласи дека соочени со нови предизвици и закани во развој, соработката меѓу сојузниците, инвестициите во одбраната и модернизацијата на воените капацитети „се најсилна гаранција за мирот, безбедноста и заштитата на нашите заеднички вредности“.
„Албанија ќе продолжи да го дава својот непрекинат придонес со одговорност и решителност во рамките на НАТО, како посветен и доверлив сојузник, зајакнувајќи ја својата улога како фактор на стабилност во регионот и пошироко“, изјави Нуфи.