Балкан

Косово: За време на полициска операција повредени 6 полицајци, едно лице вмешано во нападот врз полицајците

- Во полициското соопштение се наведува дека полициската операција била спроведена во регионите на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица и дека поминала без никакви проблеми во сите други региони, освен во Северна Митровица.

Zylfije Adem Jakupi  | 13.10.2021 - Обновена : 14.10.2021
Косово: За време на полициска операција повредени 6 полицајци, едно лице вмешано во нападот врз полицајците Фото: Архива

ПРИШТИНА

Полицијата на Косово соопшти дека шестмина полицајци се повредени за време на полициската операција против криумчарење стока, спроведена во Северна Митровица, каде што криминалните групи се организирале и фрлале шок-бомби, рачни бомби и употребиле огнено оружје за да ја попречат работата на царинските и полициските службеници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека полициската операција била спроведена во регионите на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица и дека поминала без никакви проблеми во сите други региони, освен во Северна Митровица.

„Повикувајќи се на ситуацијата, директното загрозување на службениците, блокади на патиштата, употреба на плински боци, шок-бомби, употреба на огнено оружје и рачни бомби од страна на осомничени лица и оштетување/палење службени возила, косовската полиција е принудена да преземе полициски мерки користејќи ги потребните правни средства со цел на службениците вклучени во операцијата и граѓаните на тоа подрачје да им обезбеди сигурност и да создаде можност за слободно движење“, пишува во соопштението.

„Како резултат на гаѓањето со разни смртоносни средства врз полицајците, досега е пријавено дека шест полицајци се здобиле со телесни повреди, од кои пет со албанска и еден со српска националност. Според првичните информации, повредено е едно од лицата вмешани во нападот врз полицајците“, се вели во соопштението.

Полицијата соопшти дека досега се уапсени осум лица, еден Албанец од регионот на Пеќ, еден Албанец од регионот на Приштина, тројца Албанци од регионот на Јужна Митровица, еден Бошњак, еден Албанец и еден Србин од регионот на Северна Митровица, сите косовски државјани.

Исто така, запленети се разни шверцувани стоки и докази во износ од стотици илјади евра, кои служат како материјални докази, а кои се наоѓале на различни локации, деловни простории, магацини итн. Полициската операција е завршена, ситуацијата во северниот дел на Митровица се смири, додека се спроведуваат понатамошни полициски акции во соработка и координација со косовската царина и судството.

Претходно, премиерот на Косово, Албин Курти, објави дека денешната полициска акција е завршена и ги повика граѓаните на општина Северна Митровица да не наседнуваат на известувањето на некои медиуми во Србија кои штитат криминал, корупција и шверц и сакаат да ги политизираат и етнизираат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.