Vesna Besic
16 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
САРАЕВО
Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Странка на демократска акција (СДА), порача дека оваа партија загубила во Сараево, но дека победила во Босна и Херцеговина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Резултатите се нофицијални на база на 90,95 отсто на пребројани гласови. Може да се каже дека во Сараево загубивме, а во БиХ победивме. СДА освои градоначалнички места во 30 општини, остануваме убедливо најсилна партија во БиХ. Резултатите ќе бидат речиси исти како оние во 2016 година, една или две општини помалку", појасни Изетбеговиќ
„Четворката", како што рече тој, доби 11 гградоначалнички позиции, а СДА има три пати помалку
„Имаме највеќе гласови и во општинските совети. Како што реков, лошиот резултат во Сараево, но компезиран е со поправка на резултатот ширум БиХ. СДА освои нови градоначалнички позиции во пет општини - Високо, Бреза, Живинци, Босански Петровац и Бановиќи. Се надеваме и водиме за сега во Сребреница, Кладуша и Калесија", истакна Изетбеговиќ.
Според него, би можело да има осум нови градоначалнички позиции за СДА.
„СДА ги загуби градоначалничките места во седум општини, а тоа се во Центар, Ново Сараево, Илиџа, Јабланица, Долен Вакуф, Устиколина, Челиќ и Нови Травник. Што се однесува до Сараево, СДА за жал загуби во три важни општини - Центар, Илиџа и Ново Сараево. Освоивме во Сараево четири општини - Вогошча, Трново, Хаџиќи и Нови Град", појасни претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ.
Тој смета дека е видлива тенденцијата дека некои од големите градови во двата ентитета бирале промени - Сараево, Бања Лука и Бијељина.
Во Босна и Херцеговина (БиХ) на 15 ноември, недела, од седум часот беа отворени гласачките места на кои гласачите до 19 часот можеа да гласаат на седмите локални избори од Дејтонскиот мировен договор.
Според прелиминарните податоци на одржаните локални избори во Босна и Херцеговина, излезноста на локалните избори била 47 отсто.
Во Централниот избирачки список запишани се вкупно 3.283.380 гласачи кои можеа да го остварат своето право на гласачките места.