Bojana Stojanovic
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
БЕЛГРАД
До 18 часот на изборите во Србија излегоа 40,82 отсто од гласачите, додека проценката е дека заедно со Косово излегле 42 отсто гласачи, соопшти вечерва Републичката изборна комисија на конференцијата за медиуми Републичката изборна комисија (РИК), јавува Агенција Анадолија (АА).
Не се забележани поголеми неправилности во текот на досегашното гласање.
Во Србија денес се одржуваат редовни парламентарни, покраински и локални избори, на кои право на глас имаат 6.584.376 граѓани, кои можат да гласаат до 20 часот, кога се затвораат избирачките места.
За членовите на избирачките одбори на изборните места задолжително е носењето на заштитни маски и ракавици, додека на гласачите им се препорачува да ги носат.