Балкан, Коронавирус

Еврокомесарот Вархеји за пристигнувањето на првите вакцини од ЕУ во РСМ: „Ова е добар ден за Западен Балкан"

Еврокомесарот Вархеји на заедничката прес-конференција истакнувајќи дека Европската унија (ЕУ) ќе продолжи донациите рече дека навистина е горд дека близу 120.000 вакцини кои се одобрен за Северна Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август.

Husamedin Gina  | 04.05.2021 - Обновена : 05.05.2021
Еврокомесарот Вархеји за пристигнувањето на првите вакцини од ЕУ во РСМ: „Ова е добар ден за Западен Балкан" ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во однос на првите вакцини кои пристигнаа во Северна Македонија од ЕУ истакна дека ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден и за Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Еврокомесарот Вархеји заедно со австриската министерка за Европа и устав, Каролине Едштадлер, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев го посетија вакциналниот пункт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што пристигнаа првите вакцини, вкупно 4.680 помош од Европската унија.

Во рамките на посетата, премиерот Заев, Еврокомесарот Вархеји и австриската министерката, Каролине Едштадлер дадоа изјави за медиумите.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев истакна дека денеска пристигнаа првите 4.850 дози вакцина Фајзер од 119.213 кои треба да пристигнат до август.

Вкупно во месецов, како што потенцираше премиерот Заев ќе треба да стигнат 19.890 дози од вакцината Фајзер.

„Очекувам вакцинирањето да тече без престан. Обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини. Затоа апелирам до сите граѓани пријавете се на vakcinacija.mk за да добиете термин за вакцинирање“, нагласи премиерот Заев.

Додавајќи дека со добро организиран систем на вакцинацијата очекува да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла, премиерот Заев рече дека исто така очекува „полека да влеземе на постигнување на колективен имунитет."

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција истакнувајќи дека Европската унија (ЕУ) ќе продолжи донациите рече дека навистина е горд дека близу 120.000 вакцини кои се одобрен за Северна Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август.

„Ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден за Северна Македонија. Затоа што ние како Европска унија конечно успеавме да ги испорачаме првите вакцини. И веќе гледам дека зад мене зад овие паравани гледам дека кампањата за вакцинација е веќе отпочната“, нагласи еврокомесарот Вархеји.

Вархеји исто така додаде дека тие како Европска унија се покрај Западен Балкан, рече дека вакцините се подарок од ЕУ за Северна Македонија со цел да може да ја преброди оваа пандемија.

Австриската министерка за Европа и устав, Каролине Едштадлер истакна дека вакцините ја менуваат правилата на игра и помагаат да се олесни товарот врз здравствениот систем

„Никој не е безбеден и сигурен додека сите не сме сигурни. Ова пандемија навистина предизвика многу страдање ширум Европа и ширум светот. И се уште не е готово. Центрите за вакцинација се места за надеж. Така да денешниот ден е ден на надеж. Јас се радувам што Република Австрија беше во можност да го олеснува овој процес и да ги испорача првите вакцини до Западен Балкан 650.000, т.е до Република Северна Македонија 120.000“, истакна Едштадлер.

Едштадлер исто така истакна дека овие вакцини ќе помогнат што побргу да се вратиме во нормалноста.

- Вакцинирање во Северна Македонија против Ковид-19

Во Северна Македонија вакцинацијата против Ковид-19 започна на 17 февруари. Од 5 април се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 02.05.2021, со Фајзер вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Спутник Ве се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на АстраЗенека вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.