Dzihat Aliju
02 Февруари 2023•Ажурирај: 04 Февруари 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа церемонија за доделување сертификати за учесниците на работилницата за дигитално новинарство организирана од страна на ТРТ и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, јавува Анадолу.
На обуката, што се одржа во рамки на проектот „Новинарство за млади“ (J4J - Journalism for Juniors), учествуваат ученици и студенти од различни градови на Северна Македонија.
Работилницата траеше од 30 јануари до 1 февруари.
Претставникот на ТРТ во Скопје, Омер Рахми Серим, рече дека мисијата на ТРТ е да биде училиште и да обезбеди обука за новинарство за младите.
Претставникот на турската Фондација Маариф во Северна Македонија, Мехмет Баран, изрази уверување дека учесниците во оваа програма стекнале добро искуство.
По обраќањата, на присутните им беа поделени сертификати.