Dzihat Aliju,Abdulbesar Ademi
22 Декември 2022•Ажурирај: 22 Декември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржаа централна програма и концерт по повод „21 декември - Денот на наставата на турски јазик“, известува Агенција Анадолија (АА).
Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ја организираа централната програма по повод прославата на Денот на наставата на турски јазик на која присуствуваа претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп и придружната делегација, премиерот на Собранието на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министри и пратеници на Северна Македонија, амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на ТИКА, Серкан Кајалар, претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим претставници на турските институции и организации во земјата, политичарите и околу 10.000 гости.
Премиерот Ковачевски обраќајќи се на турски рече „Türkçe Eğitim Bayram Günü kutlu olsun“ (Среќен ден на турското образование) и потсети дека правото на образование на мајчин јазик е загарантирано со Уставот земјата, вклучително и на турски јазик.

„Нашето општество е мултикултурно. Ние сме мултикултурна функционална демократија и тоа е нашата вистинска предност. Токму затоа, наша должност како држава е да ги почитуваме и чуваме јазиците на сите граѓани кои живеат во нашата држава. Тоа е единствениот правилен и цивилизиран начин на функционирање на државата“, рече Ковачевски.
Тој истакна дека турската култура, јазик и традиција даваат голем придонес за „мозаикот на различностите“ и вредното културно-историско наследство на Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски рече и дека „нашите сограѓани Турци се чесни и вредни граѓани и луѓе еснафи, кои ја почитуваат традицијата".
Тој ги спомена и активностите на Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) во Северна Македонија, која, како што рече премиерот, има воспоставено одлична соработка со неговата земја во последните години. Тој најави дека оваа турска државна агенција досега реализирала над 900 проекти со вкупна вредност од 60 милиони евра.
Претседателот на ТИКА Серкан Кајалар својот говор го започна пренесувајќи ги искрените честитки и поздрави на министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој.

„Со векови, како нераскинлив дел од оваа прекрасна географија, вие, наши ценети роднини, во име на мирот и спокојството, давате многу важен придонес за општественото, економското и културното богатство на регионот, особено на Северна Македонија. И нашите браќа во Турција, исто така, играат важна улога за придвижувањето на односите меѓу двете пријателски земји до многу понапредни точки“, рече Кајалар.
Потсетувајќи дека ТИКА, од формирањето реализирала проекти на целиот балкански простор, кои се базираат на заеднички историски и културни врски, Кајалар потсети дека своите активности во Северна Македонија ги започнале во 2005 година, реализирајќи притоа речиси 1.200 проекти и активности во многу области.
Тахсин Ибрахим, претседателот на МАТУСИТЕБ, зборувајќи дека празникот на турското образовение е празник на сите Турци кои живеат во земјата, истакна дека тоа е израз на постоењето на Турците на овие простори.

„Ние со нашиот елегантен турски, со нашата култура, литература, уметност, историја, традиција и духовни вредности, со векови опстојуваме на овие простори и ќе продолжиме да постоиме.“
Изразувајќи дека како Турци, тие се еден од основните суштински елементи на Северна Македонија и културното богатство на земјата на секое поле, Ибрахим им го честиташена „21 декември - Денот на наставата на турски јазик“ на Турците од Северна Македонија и им се заблагодари на ТИКА и на турскиот амбасадор во Скопје Секизќок за нивната поддршка.

Во рамките на програмата беа доделени награди на учениците кои учествуваа на Напревар во цртеж на тема „Турскиот јазик низ очите на децата“, Натпревар за поезија на тема „Јазикот ние Турски“ и „Конкурс за турски композиции на Балканот“.
По обраќањето на говорниците, на сцената се појави турската музичка ѕвезда Бурај со своите популарни песни.