Senita Sehercehajic
28 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, му ја честита изборната победа на претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и му посака успех во извршувањето на одговорните должности, јавува Анадолу.
„Во свое лично име и во името на граѓаните на Република Србија, Ви упатувам срдечни честитки за повторниот избор за претседател на Република Туркије, со желба и во овој мандат да останете посветени на натамошниот развој на Вашата земја и благосостојбата на нејзините граѓани. Довербата на народот ја носи со себе најголемата одговорност за секој државник, особено кога е стекната во текот на многубројни предизвици што претходните тешки години и околности на глобален план ги донесоа за сите“, наведува Вучиќ во честитката, соопштено е од неговиот Кабинет.
„За нас Туркије е исклучително важен партнер, не само во областа на економските и билатералните односи, туку и на меѓународната политичка сцена. Се надевам дека покрај постојните големи проекти, заедно ќе работиме и на нови потфати што ќе го забрзаат силниот развој на целиот регион, но и ќе ги зближи луѓето и ќе ги поврзе економиите за доброто на сите наши граѓани. Како сигурен и силен партнер на Туркије на Западен Балкан, Србија останува одлучно определена посветено да работи на понатамошно проширување и зајакнување на нашите односи , засновани врз меѓусебно разбирање и уважување, како и на искрените пријателски врски со турскиот народ. Уште еднаш Ви честитам за изборот, со покана повторно да ја посетите Србија, за да продолжиме заеднички да градиме подобра иднина за нашите граѓани“, се додава во честитката на српскиот претседател Вучиќ.