Dzihat Aliju
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - По повод првата годишнина од неуспешниот обид за државен удар на 15. јули во Турција, изведен од страна на терористичката организација ФЕТО, Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ) даде упатство на петочната молитва (џума) во околу 700 џамии низ земјата да се прочита хутбе (обраќање за време на петочната молитва) за 250-те загинати херои и ветерани од 15. јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Советникот за верски прашања при амбасадата на Р. Турција во Скопје, Мурат Алкан, за АА соопшти дека е подготвено хутбе за да се прочита во петочната молитва на 14. јули, посветена на 250-те загинати херои и ветерани од минатогодишниот обид за државен удар на 15 јули во Турција.
Исто така, во рамките на програмите за сеќавање на 15. јули, во Мустафа-пашината џамија во Скопје се очекува да се читаат делови од Куранот, ќе се одржат молитви во чест на загинатите херои, и ќе се организираат други соодветни верски активности.