Балкан

Албанија во пресрет на парламентарни избори со нов изборен систем и под услови на пандемија

Во периодот од 1991 до 2017 година се одржаа девет парламентарни избори, од кои два предвремени. Во овој период биле применети различни изборни системи.

Fatjon Cuka, Dzihat Aliju  | 23.04.2021 - Обновена : 25.04.2021
Албанија во пресрет на парламентарни избори со нов изборен систем и под услови на пандемија

ТИРАНА (АА) - Во Албанија на 25 април, недела, ќе се одржат десеттите парламентарни избори по распадот на комунистичкиот режим во 1991 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во периодот од 1991 до 2017 година се одржаа девет парламентарни избори, од кои два предвремени. Во овој период биле применети различни изборни системи.

Покрај тоа што овие избори на 25 април ќе се одржат во период на пандемијата на Ковид-19, меѓу новостите на овие избори се новиот изборен систем, електронското гласање и електронското броење на гласови кое ќе се применува како пилот-апликација во Тирана.

Според изборната реформа која заврши во 2020 година како резултат на долгогодишната работа во Парламентот на Албанија, за избор на пратеници во Парламентот кој брои 140 пратенички места ќе се применува пропорционален систем со регионална конкурентност и национален праг од 1 отсто низ земјата. Според новиот систем, гласачите, покрај за партиите, ќе може да гласаат за посакуваниот кандидат.

- Кампања и избори во период на пандемија -

Овие избори доаѓаат по отказот на опозициските пратеници во февруари 2019 година по несогласувањето помеѓу опозицијата и Владата. Во тој период опозицијата побара формирање на привремена влада и одржување на предвремени парламентарни избори.

Според Централната изборна комисија на Албанија (ЦИК), во земјата се регистрирани 3.588.869 гласачи, од кои 107.024 за првпат ќе го искористат своето право на глас.

На изборите учествуваат две коалиции. Најголемата опозициска партија во земјата, Демократската партија (ПД) и 13 други партии формираа коалиција наречена „Коалиција на Демократска партија - Алијанса за промени“, како и „Алијансата на народно обединување - Емиграција - Час на надежта и конзервативците“ (АБЕОК), која се состои од четири партии.

Владејачката Социјалистичка партија (ПС), како и останатите 10 политички партии и 5 независни кандидати на овие избори ќе учествуваат сами.

На овие избори има 1.841 кандидат, од кои 39,76 отсто се жени. Изборната кампања започна на 25 март, а ќе заврши денеска на полноќ.

Во екот на пандемијата на Ковид-19, политичките партии организираа собири со ограничено учество. На изборниот ден ќе се спроведува полициски час од 22:00 до 6:00 часот, ќе се забрануваат собири и ќе биде задолжително носење маски и одржување физичка дистанца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın