Балкан

„Турција немаше друг избор, туку да покрене воена операција на северот на Сирија"

Шентоп се состана со претседателката на Интерпарламентарната унија, Габриела Куевас Барон, која ја информираше за операцијата „Извор на мирот", која турската војска ја покрена на североистокот на Сирија

Lejla Bıogradlıja, Talha Öztürk  | 14.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
 „Турција немаше друг избор, туку да покрене воена операција на северот на Сирија"

БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Големото народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, кој престојува во Белград, изјави дека воената операција на северот на Сирија е единствената опција која и преостанала на неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Белград свечено е отворено 141. собрание на Интерпарламентарна унија, која до 17 октомври ги собира парламентарните делегации од 150 земји и 80 претседатели на парламенти, што до сега е најголем број на претседатели на парламенти во историјата на едно заседание на оваа Унија.

Шентоп на маргините на Собранието се состана со претседателката на Интерпарламентарната унија, Габриела Куевас Барон, која ја информираше за операцијата „Извор на мирот", која турската војска ја покрена на североистокот на Сирија.

„Немаше друг избор освен воена операција. Турција, за да ги спречи обидите за воспоставување на терористички коридор во регионот, се обиде сè до воена операција. И покрај сите тие напори, за жал, не постигнавме резултати", рече Шентоп.

Нагласи дека неговата земја воената операција ја започнала во склад со меѓународното право и дека одредени европски земји и покрај фактот што е докажано пружање на логистичката поддршка на терористичката организација, и понатаму ја напаѓаат Турција.

Шентоп исто така се состана и со претседателот на парламентот на Алжир, Сулејман Сенин, и со претседателот на парламентот на Турската Република Северен Кипар, Теберукен Улуџај.

Во главниот град на Србија стигнаа повеќе од 2.000 парламентарци и членови на делегации од целиот свет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.