Besar Ademi, Admir Fazlagic
12 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој денеска престојува во работна посета на Република Македонија, пред платото на Владата на Република Македонија беше пречекан од премиерот на оваа земја, Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот, Тачи и Заев одржаа заедничка конференција за медиумите.
За време на конференцијата, косовскиот претседател Тачи изјави дека „Македонија во НАТО значи мир за целиот регион вклучувајќи го и Косово.
Исто така, Тачи рече дека го охрабрува фактот што слушнал од премиерот Заев за почетокот на процесот на изградба на автопатот Приштина-Скопје од македонска страна.
Меѓу другото, претседателот на Косово истакна дека ги поздравува заложбите на премиерот Заев за решавање на спорот околу името со Грција.
„Ги поздравувам заложбите на премиерот Заев за решавање на спорот за името и ги повикувам сите граѓани да гласаат 'за' на референдумот", порача Тачи.