Shpetim Hiseni
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис, пренесува Анадолу.
Како што се наведува во официјалното соопштение од Министерството, во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со имплементацијата на билатералните приоритети и цели договорени на Втората сесија на Стратегискиот дијалог меѓу владите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, одржана во април годинава.
Соговорниците ја потврдија заедничката посветеност на унапредувањето на соработката во областите од заемен интерес, во насока на натамошно продлабочување на стратегиското партнерство меѓу двете земји.
Посебно внимание е посветено на енергетската и инфраструктурната отпорност, економската и трговската соработка, кибербезбедноста, миграциските прашања, како и на заедничките активности за сузбивање на организираниот криминал и нелегалната трговија со дрога и други наркотични средства.
Во таа насока нагласена е важноста од континуирана координација и интензивирање на заедничките активности за спроведување на договорените иницијативи, во согласност со заедничките стратегиски интереси на двете земји.