Балкан

Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина и околните области

- Проблемот со сушата во земјата значително се влоши во споредба со минатата година бидејќи резервите вода продолжуваат да се намалуваат

Elena Trenchevska Chekovikj  | 06.11.2025 - Обновена : 06.11.2025
 Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина и околните области

СКОПЈЕ (АА) – Академската фела предупредува дека Грција се соочува со сè посериозен недостиг на вода, а најкритична е ситуацијата, според нив, во Атина и околните области, јавува Анадолу.

Проблемот со сушата во земјата значително се влоши во споредба со минатата година бидејќи резервите вода продолжуваат да се намалуваат.

Атина, каде што живее речиси половина од населението на Грција, доживува посебен притисок бидејќи нивото на водата во езерото Морнос, главен извор на вода во градот, значително се намали.

Аматерскиот фотограф Панајотиос Панајотопулос рече дека го фотографира езерото Морнос од 2000 година и дека е сведок на промените на езерото низ годините.

Панајотопулос рече дека во раните години само неколку покриви од куќи биле видливи над езерото, но сега, поради сушата, поголем дел од селото повторно се појавил од водата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın