Satuk Buğra Kutlugün
20 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Од 9 ноември годинава во повеќе турски градови започна петтата програма за обука на воено новинарство на Anadolu Agency (АА).
Програмата нуди богата обука во областа на военото новинарство, покривање на приказни за тероризмот, бегалците, известување во непријателски средини како што се хемиски и биолошки напади.
Учесниците на програмата добиваат обука во областа на личната безбедност, прва помош, напредни техники на возење, техники за преживување и навигациски обуки.
Свој допринос во програмата даде и Управата за вонредни состојби при владата на Република Турција (AFAD) и турските вооружени сили. Стручен кадар се обиде да ги подучи новинарите како да реагираат во случај на киднапирање и како да се воспостави контакт со контролни точки. Практикантите научија како да се користи панцир, гас-маски, правилно читање на карта.
Покрај тоа, беа изложени на престој во кампот каде што требаа да дежураат во текот на ноќта поминувајќи низ тесни тунели. Целта на обуката е учесниците да се подготват на секаков вид ситуација на терен и како правилно да известуваат од погодените области.
Во првата недела учесниците научија како да реагираат во итни ситуации, но тие исто така треба да се спуштат од хеликоптер на подрачјето зафатено со катастрофа.
"Програмата на воено новинарство, од почетокот до крајот бешее полна со изненадувања. Во овие 12 дена научив како да се преживее во воени и вонредни ситуации. До крајот на својот живот ќе се сеќавам на ова обука", рече новинарот на АА Балканот Весна Бешиќ.
Anadolu Agency (АА) е еден од ретките светски медиумски институции кои нудат програми за воено новинарство.
АА моментов емитува програма на десет јазици, а целта е до 2023 година бројот се зголеми на 11јазици.