Турција

Ѓул: „Иницијативите за исклучување на Турција од Источниот Медитеран се косат со меѓународното право“

„Обидот за водење енергетска политика во Источниот Медитеран без Турција не е во согласност со меѓународното право“, рече Ѓул

Kemal Karadağ  | 14.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Ѓул: „Иницијативите за исклучување на Турција од Источниот Медитеран се косат со меѓународното право“

АНКАРА

Министерот за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, изјави дека обидот за водење на енергетска политика во Источниот Медитеран без Турција не е во согласност со меѓународното право, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ѓул ги коментираше последните случувања и растечката напнатост околу Источниот Медитеран.

„Обидот за водење енергетска политика во Источниот Медитеран без Турција не е во согласност со меѓународното право“, рече Ѓул.

Тој потсети дека Турција има најдолг крајбрежен појас во Медитеранот, и подвлече дека сите иницијативи за исклучување на Турција од Источниот Mедитеран се косат со меѓународното право.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.