Şeyma Erkul Dayanç
22 Април 2026•Ажурирај: 22 Април 2026
Франција „нема средства да одговори на кризите и да се справи со нив“, изјави денес претседателот на Сенатот, Жерар Ларше, поврзувајќи ги актуелните економски притисоци со последиците од војната на Блискиот Исток, пренесува Анадолу.
„Премногу задолжената и претерано оданочена Франција повеќе не е во позиција да издржи нови економски шокови“, изјави Ларше за телевизијата БФМ.
„Вистината мора да им се каже на Французите“, рече тој, додавајќи дека сегашните тешкотии се резултат на одлуките донесени изминатата деценија.
„Ја плаќаме цената за недостатокот на одлуки во текот на последните десет години. Плаќаме за што ѝ да е потребно“, рече тој, осврнувајќи се на политиките за трошење за време на пандемијата.
Тој истакна дека јавната потрошувачка не била намалена и дека не биле спроведени неопходните државни реформи.
Според него, оваа процена се однесува и на двата претседателски мандата на Емануел Макрон, при што повика на национална дебата следната година за „враќање на земјата на вистинскиот пат“.
Ларше ги даде изјавите откако француската Влада најави кратења на буџетските трошоци во износ од 4 до 6 милијарди евра, како одговор на економските последици од конфликтот на Блискиот Исток.
Претседателот на Сенатот најави дека се очекуваат дополнителни мерки, посочувајќи на состанокот на Комитетот за предупредување за јавните финансии закажан за јуни.
„Во јуни ќе има уште еден состанок на Комисијата за јавни финансии и, ќе видиме, во зависност од меѓународните случувања, дали ќе има потреба од дополнителни замрзнувања или поголеми намалувања на трошоците“, истакна Ларше.
Тој додаде дека пратениците внимателно ја следат состојбата и дека веќе ја предупредиле Владата за време на дебатите за буџетот за 2026 година.